Од минстерството за животна средина известуваат дека во Тетово, Куманово и Кавадарци прекинуваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање при преголемо ниво на загадување

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на ден 30.11.2020, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175g/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање – се наведува во соопштението на министерството за животна средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.