Медиум за информирање на јавност или застапник на СДСМ. Порталот, или можеби подобро кажано, парапорталот А1 он се стави во улога на портпарол, па дури и правен застапник на СДСМ, па почна да „попува“, да исправа криви дрини, да открива некакви тајни заговори. Порталот кој, спротивно на Изборниот законик неодамна објави анкета, во која не беше наведен нејзиниот нарачател, денеска се стави во одбрана на лидерот на СДСМ Зоран Заев, па почна да објаснува и да дешифрира што зборувал Заев, а што тој зборувал во бомбата која е многу побитна од едно „марш“ или „важи“.

И не ќе беше наша работа да зборуваме за тоа што го направи А1 он, доколку, сосема непотребно, не беше спомената и „Република“. Бомбата, која беше објавена денеска на јутјуб канал, пренесена од повеќе медиуми, нема никаква поврзаност со „Република“, освен што истата како информација беше пренесена на читателите. Но, затоа, А1oн во самиот текст ја вметна и „Република“ потсетувајќи за грешка која сосема случајно беше направена во текот на вчерашниот ден.

Да точно, комуникацијата на редакциско ниво, меѓу уредник и новинар се најде во самиот текст кој беше објавен на порталот. Грешката беше исправена по само неколку минути, но очигледно, некој во овој хаос од текстови и информации во предизборието, на самиот крај од изборната кампања, наоѓа време да лови ненамерни грешки во секунда по објавување на вестите. Кој работи, греши. Ние ја признаваме грешката! Но, веруваме дека инструкции, како што напиша А1он, добива секој новинар од претпоставениот. Ништо ново, ништо непознато, ништо спорно.

Но, новинарската пракса не познава медиум кој ја има улогата на портпарол на политичка партија. Но, А1он тоа го познава и дрско го работи. Откако објавија анкета за изборните рејтинзи, без притоа да наведат кој е нарачателот на истата, се јави СДСМ. Неколку дена подоцна испрати резултати од испитувањето на јавното мислење спроведено од Брима Галуп, и „по некоја случајност“ се работеше за истата анкета за која со денови се трагаше кој е нарачателот, како А1он стигна да објави резултати на анкета која ја нема нарачно…

А1он не почувствува потреба да објасни на читателите и на целата јаност зошто објави анкета спротивно на изборниот закони, но затоа почувствува потреба да објави текст дека на „Република“ и се протнала интерна преписка во објавен текст. Почувствува потреба и да го испере Зоран Заев за последната бомба, па да објаснува што збори тој, дали некој погрешно слуша или не, дали некој правилно го толкува Зоран Заев или не.

За очајниот потег на перење да биде уште посмешен, половина час по А1 он се јави и СДСМ. Соопштение небаре препишано од „откритието“ кое го објави А1 он.

Видеото ѝ е достапно за јавноста, па секој сам може да процени што лидерот на СДСМ зборува. Дали вика марш или важи, дали ги познава Димишкови или не. А зошто А1он се најде прозван да толкува, си знае самиот таканаречен медиум, како што веројатно си знае од која причина ја спомена „Република“ во истиот текст. Инструкцијата беше таква?

За нивниот потег судат читателите во коментари под самиот текст.

Сериозни сте со смешниве обиди да го одбраните Заев? Дај бе не се глупирајте… A1on.mk колку ви уплатија, во редакцијата или на некоја друга, сметка, за да застанете банално да ги браните?…се само дел од коментарите на социјалните мрежи под текстот шеруван од трана на А1 он.



Ова не е првпат А1 Он да ја стави Република во уста, сосема непотребно. За изборите 2016 година новинари овој таканаречен медиум, во Пустец лажно се претставуваа дека се од неделникот „Република“. Тие во разговор со градоначалникот на општина, Едмонд Темелко, кој ги примил новинарите во својата канцеларија се претставиле како новинари од нашата редакција. Иако во јавноста беше објавено видео на кое се слуша дека се претставуваат како новинари на „Република“, тие лажеа дека погрешно биле сфатени, сакале да кажат од Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.