Се мислев на кого да пријавам, кога сите беа вмешани, рече на денешното рочиште за „Рекет“ сведокот Орце Камчев. Раскажувајќи, како наводно, бил рекетиран и како осмислил да обезбеди докази, Камчев откри дека за сите случувања прво пријавил кај тогашниот директор на УБК, Горан Николовски Џони.

Имам познанство со Горан Николовски, тогашен директор на УБК. Пријавено е кај него и евидентирано. Кога ги дадов парите, еден милион евра, уште еднаш пријавив кај Николовски во УБК. Тој ми даде многу добар совет. Да зачувам сè, хард дисковите, сите уреди кои сум ги користел за снимање. Ми рече дека единствена личност на која може да ѝ верувам е обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.