На 92. седница на Владата е донесена одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина. Со донесувањето на оваа одлука треба да се воспостави начин на заштита на новиот НП Шар Планина и да се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк.

Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.