Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство, за текот на преговорите кои и вера еа неуспешни, вели дека за власта секое решение за законот би било прифатливо доколку обвинителката Вилма Рускоска остане на својата досегашна позиција.

Јас мислам дека за СДСМ се би било прифатливо доколку ја оставиме Рускоска. Тоа е мојата теза и јас би кажал дека во оваа ситуација кога формираме ново обвинителство, формираме еден нов систем, време е сите заедно со политички консензус да се обидеме да го избереме најкомпетентното лице кое ќе биде избрано врз основа на високи критериуми и крајната потврда за изборот нема да ја врши Собранието и политичките партии туку советот на јавни обвинители, вели Муцунски.

Муцунски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на новото законско решение за Законот за јавно обвинителство е да се создаде европско одржливо решение кое ќе се применува со години.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кога зборуваме за нов Закон за јавното обвинителство да не го гледаме единствено низ призмата на СЈО, бидејќи по мене овој закон е да создадеме европско одржливо решение. Решение кое ќе се постигне сега, а ќе биде применливо 10-15-20 години од сега. Лажни вести провјуваат низ јавноста и се промовираат од одредени функционери и во СДСМ и во Владата дека станува збор за некаква борба за амнестија, додава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.