Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој заедно со македонскиот министер Никола Димитров го потпиша Договорот од Преспа е уште еден во низата политичари кои го поздравија изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание.

Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежите што ги имавме, работејќи на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашиот живот. Историјата мора да биде лекција, а не затвор, напиша Коѕијас на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.