Авторот на фотографијата споделена од албанскиот премиер Еди Рама потврди дека станува збор за водопадот од македонскиот кањон Лешница на Шар Планина, во близина на село Бозовце, а не од албанското место со исто име.

Фотографијата со која Рама се фали со „Beautiful Albania“ ги раскара граѓаните од двете соседни држави за тоа дали е ова македонската или албанската Лешница, а авторот Африм Тахирај од Албанија за „Радио МОФ“ раскажа како настанала.

Тој има роднини во Бозовце, кои го поканиле на планинска прошетка пред една недела. Веднаш по посетата, споделил неколку фотографии на својот „Инстаграм“ со кои го пренесува своето воодушевување од местото.


Проблемот настанал кога фотографијата почнала да се споделува без опис. Па, така стигна и до премиерот Рама.

Така е кога никој не ме прашува кога ги споделува моите фотографии, забележа тој за порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.