Премиерот Зоран Заев како никој во државава е одлично упатен во судските предмети. Иако формално ѝ припаѓа на извршната  власт, Заев, кој се испофали дека ја координирал акцијата за пронаоѓање на бегалецот Мијалков, открива нови детали од судските предмети. Овојпат премиерот најавува пресуда за „Титаник“.

Одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со вицепремиерот Љупчо Николовски, на која беше претставен планот за борба против корупцијата прашан кога планира да се направи демонтажа на претходната власт, Заев рече дека право на впечаток имаме сите, но дека е факт тоа што имаме завршени со правосилни пресуди голем број случаи поврзани со претходниот режим и дека тоа ја испраќа пораката за правда и правичност и дека законот важи за сите.

Дел од овие судски предмети завршуваат и овие денови, како што беше минатиот петок – изрекување на казна за најзначајниот според мене случај произлезен од процесот на Шарената револуција заради прислушкувањето на повеќе од 20 илјади граѓани, преку кој што видовме огромен број на незаконски и коруптивни дејствија во нашата држава. На крај е вториот по значење случај, според мене, а тоа е „Титаник“. Изборите се врв на демократијата и пораката и тука ќе се испрати согласно доказите, сум убеден, да не му текне на никој повеќе да ги крши изборните процеси, како што нема да му текне на никој повеќе да стави слушалки да снима граѓани, неовластено и незаконски, како што тоа го правеле во минатото, изјави Заев.

Овој упад на извршната во судската власт нема да остане незабележан од Брисел, а колку подлабоко глиба Заев во судството, толку е Македонија подалеку од Европа.

Во двата мандати Заев често си дозволува да ги контролира судските процеси – особено е упатен во предметите на поранешното СЈО, па најавата за пресудата за „Титаник“ не не изненадува. Иако треба да не ужасне!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.