Владиниот портпарол, Муамет Хоџа, на денешната редовна прес-конференција изјави дека на вчерашната владина седница се разговарало околу именување на директор на Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците и оти заедничка констатација е дека тој треба да се избере на јавен оглас.

Формирањето на Агенцијата произлегува од Законот за употреба на јазиците. На вчерашната седница на Владата се дискутираше околу именувањето на директорот на Агенцијата и заедника констатација е директорот да се избере преку јавен оглас, а Генералниот секретаријат се обврзува во однос на објавувањето на огласот, рече Хоџа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.