Активистот Ивор Мицковски го поставува прашањето што ја мачи јавноста веќе подолг период – чуму беше брзањето за избори, кога и по месец дена нема влада, туку преговорите тек сега почнуваат.

Речиси месец дена од избори во услови на корона.
Се отиде на одмор, институции се блокираат заради мекици и лични каприци, дури сега почнува рок од 20 дена за нови преговори за составување Влада.
Влада некаде околу септември, никакво решение за почеток на учебната година и како тоа би се извело, со деца и млади кои трајно губат од отсуството од образовниот и општествен процес на настава и едукација.
Се бараа брзи избори за брза влада која нуди решенија.
Се добија само одложувања, гадни дилови и отсуство на решенија.
А, да, и Дино Парк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.