Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, гостуваат на телевизија 24. Тие ги соочуваат своите ставови за она што се случува во Македонија, дали ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, за корупциските скандали, за преговорите околу ЈО.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем ако има индиција за криминал, но проблем е што СДСМ не сака Обвинителството да го истражува „Рекет“, бидејќи премиерот Зоран Заев бара амнестија, па затоа се заглавени и преговорите за законот.  Овие наводи Димитров ги негираше.

Тој посочи дека проблемот во преговорите е во тоа што Зоран Заев бара новиот јавен обвинител по предлог на опозицијата да не може да истражува случаи кои што се отворени до сега. Николоски објасни дека тоа значи оти предметот „Рекет“ нема да може да го истражува новиот јавен обвинител.

Да е парадоксот најголем, високи претставници од кабинетот на Зоран Заев контактираат наши членови од нашата политичка партија и им велат знаете како веројатно нема да има датум за преговори немаме голем интерес ова да се заврши ни одговара вака како што е состојбата со предметите и со Јавното обвинителство, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.