Зоран Заев жестоко ги брани врвните национални и стратешки интереси, членството во НАТО и ЕУ, секаде и секогаш, соопшти денеска СДСМ.

Колку тоа да не им се допаѓа на сите деструктивни сили, РС Македонија станува 30-та членка на НАТО и ќе биде дел од ЕУ. Фрустрираниот анти-западен пион Мицкоски е срам за земјата. Мицкоски се става на страна на туѓи интереси, на оние кои се анти-НАТО и не сакаат нашата земја да биде дел од евроатлантскиот сојуз. Очигледно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се препознаваат во таква деструктивна матрица базирана на лажни вести и затоа ја поддржуваат.

СДСМ натаму во соопштението без никакви аргументи и со „маневарска муниција“ за проблемот на Заев со руските комичари, како и за останатите проблеми, рафално стрела кон опозицискиот лидер Мицкоски:

Христијан Мицкоски е фрустриран затоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ, Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО. Заканите од хибридни напади, лажните вести и манипулациите се само затоа нашата држава веќе годинава станува 30 земја членка на НАТО. Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат да продолжи напредокот, што стануваме членка на НАТО и напредуваме во интеграцијата во ЕУ. Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. С. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.