Видео на кое се гледа дека СДСМ врши изборен поткуп се појави на социјалната мрежа Фејсбук. Според содржината на видеото објавено пред неколку часа со списоци, пакети со социјална помош СДСМ врши предизборниот поткуп ко Струмица.

Јавноста изминатиов период беше сведок на серија вакви настани, Фирми од Струмица беа фатени на дело како за време на полицискиот час го вршат поткупот на граѓаните. Ова доаѓа само како доказ за она за кое се зборува и предупредува подолго време.

На видеото јасно се слуша како се спомнува и името на Зоран Заев.

Откако беше објавено, во брзо време, видеото беше избришано, за да не сведочи за класичен изборен поткуп.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на вакви можни сценарија, потенцирајки дека опозицијата никогаш нема да поддржи изборен поткуп и криминал.

Република пишуваше дека СДСМ подготвува легален масовен поткуп на граѓаните пред изборите, за кои ќе направи сè за да бидат во јуни, па и по цена на здравјето на граѓаните. Тоа најдобро се гледа во нивниот ултиматум, избори или во јуни, или редовни во декември, сè со цел да собери поени од „помошта“ за економијата и граѓаните, и да обезбеди потесен пораз.

Од сè што досега (не) направија, најочигледнен потег за поткуп се последните најавени мерки на Зоран Заев, односно ваучерите и платежните картички, за кои бара начин да ги прикаже како помош, а не како легално плаќање за глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.