Во изборната кампања на СДСМ никогаш не кажавте дека ќе го смените името, ни за сите овие неуставни работи што ни се случија, туку ветувавте плати, километри, а ништо не е исполлнето, им порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и Артан Груби од ДУИ во вечерашната дебата на „Алсат“.

Имате четири илјади вработувања за два месеци за да ги задоволите потребите на вашата политичка партија и тоа е така. Знаете дека излегоа еден куп решенија за непотизам, а тоа се илјадници вработувања на ваши блиски и сега велите прво Законот за администрација. Секаде се ваши партиски кадри, прашањето ми е во законот не можете вие само да ставите само за раководителите морате да ставите за целата систематицазија и начинот и постапките. Сите оние вработувања одат од вашиот штаб и вие сте свесни за тоа. Непотизам има во секоја пора од општеството, рече Мисајловски.

Тој додава дека граѓаните не се задоволни со нивните предмети во судството.

Јас сакам да има подобро општество и ова не го кажувам како фоскула, граѓаните се разочарани и бараат да излезат и да си заминат бидејќи политиката е влезена во секоја пора од општеството. Ние треба да направиме нова иднина во Република Македонија ние гледаме колкав бран на луѓе си заминуваат од оваа држава. Оваа држава е на сите граѓани на Република Македонија и треба да се борите сите заедно да направиме нешто подобро. Јас можам да зборувам цела емисија за сите црни работи кои ги прави оваа власт во изминативе три години, но мора да има малце позитивни работи за граѓаните. Еве доаѓаат избори ќе им понудиме програма и граѓаните ќе си изберат она што сакаат, рече Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.