Освен ДУИ, и другиот албански коалициски партнер во Владата – Бeса ја очекува поддршката од најголемиот партнер СДСМ на локалните избори во Тетово, каде што кандидати за градоначалници ќе бидат Теута Арифи од ДУИ и најверојатно Биљал Касами од Беса.

Не очекуваме СДСМ да постапи поинаку од она што го сторивме заедно на последните парламентарни избори. Нема политичка логика гласачите на СДСМ од Тетово да гласаат за друг кандидат, кога на последните парламентарни избори гласаа за носителот на листата за пратеници, претседателот на движењето Беса, Билал Касами. Секоја друга еднострана одлука би имала последици во рамките на владејачката коалиција, велат од Беса за 360 Степени.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека до крајот на месецот за евентуална соработка за локалните избори ќе разговара со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но не исклучи соработка и со останатите владини партнери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.