Во последните денови, бројот на нови случаи со заразени од ковид 19 забрзано расте, инфективните одделенија се полнат. Досега се аплицирани над 1 милион дози, а ревакцинирани над 500.000 граѓани од кои само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни. Вакцинацијата е од витална значајност во борбата против натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност кај невакцинираните.

Секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување од вирусот, спречува тешки форми на болеста и најважно штити од смртен исход.

Отворени се нови пунктови, има доволно вакцини, вакцинирањето е исклучително важно за заштита на сопственото и јавното здравје.

Испраќаме апел до граѓаните коишто не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат.

Дезинформациските кампањи и теориите на заговор кои ги пласираат центрите и кои ги одвраќаат луѓето од имунизација се на штета на граѓаните.

 

Исклучително е важно да се почитуваат и новите мерки. Тие се неопходни за заштита на здравјето и се применуваат и во други земји.

 

Да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во борбата која е заедничка за целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.