Се потврди она што јавноста веќе добро го знае, дека изборот на кандидатката на Мицкоски е обична фарса, тој самиот ја избра, велат од СДСМ.

Соочен со изгубената поддршка од граѓаните но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група Мицкоски ги принудува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи. Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со самосослк или т.н. селфи. Тоа е вообичаениот начин на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф. Толку од професорката од Правниот факултет и наводната борба за владеење на правото. Силјановкска му се поклони на груевизмот и на дело започна да го применува меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.

Според СДСМ Силјановска и Мицкоски бадијала ги принудуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нив ги чека пораз на претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.