Извори од СДСМ тврдат дека имаат обезбедено мнозинство за формирање Влада, пишува „Фокус“.

Ваквата реакција од „Бихаќка“ доаѓаат по пишувањето на „Лајм“ и неколку други медиуми на албански јазик, кои објавија дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до договор за формирање на нова влада со премиер Албанец.

Очигледно е дека објавените текстови се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти – коментираат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека во следните денови лидерот на партијата, Зоран Заев, ќе го доие мандатот за формирање Влада од претседателот Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.