Иако со воведувањето на вонредната состојба донесена е уредба за прекинување на сите изборни активности, очигледно тоа не важи за СДСМ. Партиските активисти веќе со денови се на терен и делат пропаганден материјал, во кој наведуваат, „позитивен е трендот“ во борбата против коронавирусот.

Исто така, членови и челници од партијата со недели делат „хуманитарни“ пакети во очигледен предизборен поткуп, а од пред некој ден започнаа и со активна кампања, прикриена под името „координативни средби“. Така, вчера, носителката на листата за пратеници Радмила Шекеринска и останатите кандидати од ИЕ 5 беа меѓу граѓаните на Битола.

За денеска, пак, вакви средби се најавени во уште три други изборни единици. Носителите листите на ИЕ 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска, заедно со останатите кандидати ќе бидат во Куманово, Радмила Шекеринска и Јован Митрески и денекса се во Битола, а Биљал Касами и Фаница Николовска заедно со кандидатите од ИЕ 6 ќе се шетаат меѓу тетовчани.

Иако со овие засилени партиски активности СДСМ уште повеќе притискаат за брзи избори, бројките на заболени последните неколку дена се алармантно високи, а како што најави вицепремиерот Бујарн Османи, денеска тие ќе бидат уште повознемирувачки.

Со ова СДСМ и нивната очајна желба за избори станаа главен фактор на ширењето на коронавирусот.

Но, во меѓувреме, прво со изјава дека е заразен излезе потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, потоа следеа изјави дека во контакт со него биле министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, националниот кординатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, потпретседателката на Владата, Мила Царовска, кои се во самоизолација, иако на тестовите биле негативни. Поради контакт, односно учество во емисија во самоизолација се и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, како и новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа, како и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Играњето со оган, во случајов со коронавирусот, е опасна работа и тоа никого не го одминува. Затоа, јавноста им порача дека пустата желба за власт треба да ја остават настрана, за да не страдаат невини луѓе. Направете нешто добро за сопствениот народ, мавнете избори и кампања гледајте го здравјето на нацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.