Од ден на ден растат криминалните скандали во Владата на Зоран Заев, ова денеска преку реакција во врска со соопштението на СДСМ го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ стана синоним за криминал,корупција, закани кон опозиција, закани кон новинари и секој што размислува различно од нив. СДСМ криминална залудно се обидува да одбрани нешто што не може да се одбрани, Драги Рашковски е фатен во скандал тежок 7 милиони евра и за тоа мора да одговора. Рашковски мора да си поднесе веднаш неотповиклива оставка, а доколку Македонија беше правна држава во која владее правото до сега Рашковски ќе беше изнесен пред органите на правдата и ќе одговараше. Во Македонија ќе се врати правдата. Законите мора да важат подеднакво за сите. Секој што сега се огрешил пред правдата еден ден ќе мора да одговара, стои во нивната реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.