СДСМ спротивно на Изборниот законик ја почнува кампањата предвреме, свесни дека ќе изгубат прават криминал. Во прилог испраќаме фотографии од пропаганден материјал кој СДСМ го распрскува во општина Центар. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извести канцеларијата на ОБСЕ во Македонија за злоупотребите на власта и предвреме почеток на изборната кампања – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на флаерите кои СДСМ ги дели низ Општина Центар.

СДСМ од врата на врата ги посетува жителите од оваа населба. Им ѕвонат на врата на граѓаните за да остават материјали и да разговараат со нив. Онаму каде што не отвора никој оставаат флаери на врата.

-Ова е нервоза и паника поради страв од поразот кој им престои. Ништо нема да го спаси СДСМ од пораз, залудни се сите обиди и кршења на закони, само заглавуваат луѓе во криминал кои утре ќе треба да одговараат – коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.