СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата и така во содржината се додава уставното име на државата „Република Cеверна Македонија“. За оваа резолуција предвидено е да се расправа во Собранието во текот на следната седмица

Со мнозинство од 85 гласа, 1 воздржан и 4 против, пратениците одлучија Резолуцијата да биде втора точка на дневниот ред и да се разгледа веднаш по гласањето за ребалансот на буџетот.

СДСМ потенцира дека за нив суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на „Cеверна“ во името на државата, би било кршење на Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.