Пожарите се ставаат под контрола, велат од СДСМ.

Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и силна меѓународна поддршка со чија помош полесно се справуваме со овој сериозен предизвик. Благодарни сме на пожарникарите, на војниците, полицајците, доброволците, институциите, општините, на сите кои прават се’ да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик. Надлежните институции ситуацијата ја следат постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата, заедно со граѓаните и со пријателската помош и заедно ќе успееме, се вели во утринското соопштение од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.