Нема поголем доказ за површноста и популизмот на СДСМ и Заев од тоа што една недела зборуваа за автентично толкување, за да на крај не го поддржат сопствениот предлог, смета Генералниот секретар Игор Јанушев, кој додаде и дека „амнестијата стана харикирито на Заев“.

Нема поголемо разобличување на нивното политиканство од тоа што една недела го повикуваа ВМРО да го поддржи толкувањето кои сами не го подржаа. СДСМ одби автентично толкување, затоа што одби да се доведе во прашање амнестијата на Заев за криминалот со Глобал, посочи Јанушев.

Тој додаде дека СДСМ практично сами паднаа во стапицата која ја поставија за ВМРО-ДПМНЕ.

Планот им беше ВМРО да се спротивстави на нивниот предлог за толкување на амнестијата и тоа да го прикажаат како чекор со кој се штити криминалот, притоа заборавија дека единствен политичар кој до сега ја искористил е токму Зоран Заев. Но, меурот пукна. Зоран Заев е човекот кој е главната пречка за правдата во Македонија, тој е главниот именител на целиот криминал и корупција, а со тоа и најзаинтересиран за уште една амнестија. Впрочем, Заев е дежурниот корисник на институтот амнестија, и токму затоа молчи за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ да не се амнестираат политичари, да не може да се занимаваат со политика амнестирани луѓе и да се врши испитување на потекло на имот на политичарите, порача Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.