Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение бара одговори, зошто Боки 13 се уште не  е повикан на распит за случајот Рекет? зошто ЈО ја развлекува истрагата? Од партијата обвинуваат и дека обвинителката Рускоска молчи за наредбите на Јанева од притвор. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да си замине од власт, бидејки според опозициската партија ваков правен систем не постои никаде во светот.

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит.  Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.

ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СДСМ мора да си замине. стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.