Наскоро започнува вакцинирање на граѓаните против САРС Ковид-19 вирусот. Првата количина е ограничена. Бараме од општинските организации да ни се достават списоци за приоритетно вакцинирање на наши луѓе. Списоците да се пратат во рок од два дена. Овој процес треба да помине тивко и да не се споделува јавно.

Ова е меил пораката која, според тврдењата на социјалните мрежи е испратена од централата на СДСМ до општинските организации. Се чини приоритетни за вакцинација не се докторите, новинарите, професорите, воспитувачите, туку приоритетни се оние кои поседуваат членска книшка од владејачката партија.

Доколку навистина е испратен ваков меил, се отвора дилемата зошто министерот за здравство денеска најави дека АстраЗенека вакцините нема да се користат за лица под 60 години. Дали е само изговор за да се зачуваат за партиските колеги?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.