Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики, смета СДСМ.

Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции. Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците, велат од СДСМ.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски. Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.