По неколку одложувања, вечерва Извршниот одбор на СДСМ конечно треба да го соопшти ставот во врска со барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни заедно со претседатеслките избори. Неофицијално, мнозинство од раководството во владејачката партија е против одржување избори на пролет бидејќи државата, како што велат, има други приоритети и реформи на кои треба да се фокусира.

Првата е дали да се определиме за еден цел нов мандат што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот, или да превагне интересот на државата наспроти партиите“, изјави Заев во петокот.

На дневен ред на состанокот вечерва се очекува да се разговара и за претстојните претседателски избори, за кои веќе е познато дека СДСМ се уште го бара најсоодветниот кандидат за претседател, кој ќе биде избран на конгресот на 3 март, иако официјално не е целосно отфрлена опцијата Заев и Ахмети сепак да се договорат за консензуален кандидат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.