Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, во очај фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат, тврдат од СДСМ.

Подмолноста и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски го достигнаа врвот.

Уште еднаш се потврди дека за оваа партија ниту се важни граѓаните, ниту е важен здравствениот систем, ним им е важно само да се обидат да спечалат некаков ситен политички поен дури и во време на големи несреќи.

Освен што ќе бидат запаметени дека постојано се на страната на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоки ќе бидат запаметени и по тоа што ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на загинатите во пожарот, исто како што претходно ги злоупотребуваа чувствата на семејствата на починатите од коронавирусот.

Нема крај на подмолноста и нечовечкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, велат од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.