Институциите на системот денеска не дозволија да успее сценариото на оние кои не ѝ мислат добро на земјата и сакаат да создадат тензии. Покрај сите предизвици, денеска достоинствено и гордо се оддаде почит за ликот и делото на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев, велат од СДСМ.

Граѓаните и државата не дозволија да се погази придонесот и значењето на Делчев, не дозволи да се повреди националната гордост и чувства на македонскиот народ, не дозволи злоупотреби за политичките валканици на агентите на хаосот. Пропаднаа обидите на Мицкоски, Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните истомисленици од другата страна на границата и бугарското ВМРО. Хаосот на којшто работеа не се случи, велат од СДСМ.

Партијата на Оливер Спасовски им благодари на граѓаните за покажаниот разум, свест и чувство за државност, како и на сите надлежни институции, безбедносни служби и партнерски организации.

ВМРО-ДПМНЕ е прочитана. Ќе остане запаметено дека лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ и заложникот на Апасиев, Христијан Мицкоски, се обидоа да го поделат народот и денеска, да го извалкаат делото на Делчев и тоа не им успеа.

Идеалите на Делчев се многу поголеми и посилни.

Сега е важно да продолжиме по вистинскиот, европскиот пат на единство и сплотеност за државните и национални интереси.
Само така може да ги оствариме нашите заеднички цели. Заедно да ја водиме нашата држава кон полноправно членство во Европската Унија, каде што и припаѓаме, во големото европско семејство на државотворни народи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.