СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нема проекти, нема понуда, една недела СДСМ води црна кампања, со лаги и клевети.

 

Со СДСМ граѓаните добиваат само деструктивност, поделби и сиромаштија.

 

За да продочжат да крадат СДСМ и ДУИ со леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт.

 

Во моментов најголем непријател на етничките односи е Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така си го штитат криминалот, сложно крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија.

 

И Албанците, исто како и Македонците живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети.

 

И за да продолжат да крадат, ќе лажат, ќе измислуваат и ќе сеат омраза. Тие не сакаат сплотеност, зошто така тие нема да се важни.

 

Времето на криминал заврши. Време е за промени, за победи, за проекти – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.