Го слушам некни министерот за финансии вели ако не беше помошта тогаш падот на БДП немаше да биде 5.9 – 6% туку ќе беше 7%. Односно 7.1%. Е сега тоа значи 5.9% и 7.1% е 1.2% пад на БДП во пари значи нешто повеќе од 100 милиони евра од прилика. Да не беше вика помошта која што според нив е 500 милиони евра ние ќе имавме пад на БДП за 100 милиони повеќе. Значи замислете, вие сте ја задолжиле државата милијарда евра за еден квартал, сте поделиле помош од пола милијарда евра и сте успеале да спасите пад на БДП од 100 милиони. Значи пет пати помалку од помошта која што сте ја дале. Вика, ако не ја дадевме таа помош ќе имавме пад поголем за 100 милиони евра – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Што не е јасно“.

Мицкоски додаде дека власта парите не ги потрошиле таму каде што биле најпотребни, а тоа е доволен показател дека власта не ги троши парите за тоа што се наменети, власта не се грижи за граѓаните. Власта троши пет за да спаси еден.

Тоа само значи осиромашување на народот. И затоа јас велам дека не треба човек премногу информации од внатре да има или пак не знам што, едноставно нека ги гледа и слуша изјавите. Таму некогаш и самите си кажуваат работи Бидејќи не ги разбираат и јасно укажуваат кон тоа кон што се стремиме ние како држава – појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека иста таква беше и изјавата на Зоран Заев каде што рече дека околу 90% од учениците следеле настава. А, другите 10% на ученици каде сте, тоа се 20.000 ученици.

Според СДСМ ова денеска што стигнува до граѓаните или кое што стигнува до компаниите, до бизнис заедницата е милосрдие на Заев и дека благодарение на него ние сега сме среќни.Но, не сме среќни. Луѓето апсолутно се свесни дека ова не е поддршка и знаат дека не се решени сите проблеми – рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека има огромна група на граѓани кои велат дека власта ја уништи економски државата. Поради власта граѓаните се сиромашни, тие овие пари не ги гледаат како реална помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.