Очигледно е дека се манипулира со бројот на тестирања и тоа по неколку основи, истакна денеска Александар Николоски во своето гостување во ТВ24.

Бројот на тестирања во оној момент кога Зоран Заев процени дека сака да отиде на брзи избори на кои што ќе се обиде да направи помал пораз затоа што луѓето ќе се плашат да излезат да гласаат, падна и ако се одеше некаде од 600 700 па и 800 тестови во некои денови паднаа на 150 тестови што апсолутно покажува дека процесот се менаџира да има помали бројки, но дури и со помал број на тестови бројките излегуваат што значи дека реалните бројки се многу поголеми, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски во своето гостување рече дека се работи за комплетен политички менаџмент во однос на корона-кризата од страна на владата на СДСМ.

Има и кандидат за пратеник на СДСМ кој е член на Комисија за заразни болести, не знам како прво на себе не мисли, еве ако прифатиме дека ќе одат на избори на 21 јуни еве како ќе одат од врата на врата и треба да се претстави пред граѓаните можеби некој е носител на корона вирусот па ќе го пренесе на сите со кои ќе се сретне и која е одговорноста да така настапува како стручно лице. Многу луѓе знаат кој што се тестирале дека за резултат се чека помеѓу 5 и 7 дена. Во Прилеп за кој јас многу често зборував дека се влошува состојбата престанаа да тестираат. Во Куманово видовме што се случи дури и со градоначалникот . Во Прилеп имам лично сведоштво дека се одбиени луѓе за тестирање со тие фамозни алгоритми кои никој не ги разбира за да видиме после тоа случаи на пример во битолската болница која што е регионалан болница за ковид и за Прилеп пациент да почине односно резултатот да стигне откако починал или резултатот да стигне денес, а пациентот да почине утре затоа што се чекало помеѓу 5 и 7 дена за резултат. Тоа е вистината за менаџментот и за тестовите, потенцираше Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.