Централниот одбор на СДСМ вечерва ја одржа дваесетта седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за актуелни процеси кои се одвиваат во партијата, внатрешните промени, модернизацијата и демократизацијата, како и повеќе важни општествени теми од интерес на граѓаните.

Централниот одбор го усвои Извештајот поднесен од генералниот секретар Љупчо Николовски, за спроведена постапка за ажурирање на членовите и активна регистрација.

СДСМ брои над 80.000 членови. Следен чекор се првите директни внатрепартиски избори закажани за 21 март на кој сите активно регистрирани членови ќе го бираат Претседателот на СДСМ.

По одржувањето на првите директни избори Централниот одбор донесе одлука, на 16 мај 2021 година да се одржи 26-тиот Конгрес на СДСМ, кој ќе биде изборен.

Во оваа насока ЦО го усвои Правилникот и Роковникот за постпаката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ. Го овласти Извршниот одбор да утврди дневен ред, време, место и начин на одржување на Конгресот, имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот.

Во однос на претстојните локални избори и измените на Изборниот законик, претседателот Заев го реафирмираше ставот дека СДСМ е за една изборна единица и поддржува воведување отпечаток на прст при гласањето. Но, за сето тоа потребни се измени на Изборниот законик кои треба да се донесат со консензус, без надласувања.

Претседателот Заев посочи дека со процесот на ажурирање, со првите внатрепартиски избори, СДСМ постави нови стандарди и најави дека по 26тиот Конгрес следуваат нови политики, кои ќе постават нови стандарди во работењето, ќе дадат нова вредност, во интерес на граѓаните и државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.