Од денеска до 25 февруари во СДСМ започнува постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член, потсетува генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Затоа што СДСМ постојано се менува, се унапредува, демократизира, модернизира. Се подобрувме за подобро да ви служиме на Вам, граѓаните. Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кон поголема внатрепартиска демократија, вели Николовски во триминутната видеопорака.

Оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори.

Постапката во СДСМ започнува од месните одбори, па ќе продолжи во комисиите на општинските организации сè до највисоките партиски органи и до Централниот одбор.

Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.