Зборовите „имам мнозинство” не се доволни за формирање на Влада, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовки, кој ги повика СДСМ јавно да кажат со кого направиле парламентарно мнозинство, како што тврдат, бидејќи никоја од другите политички партии не го потврдува тоа.

Гледам СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат другите политички партии.
Еве јавно нека објават СДСМ со кого „се ќердосаа” и имаат парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ и детали, бидејќи зборовите “имам мнозинство” не се доволни за Влада. Во спротивно СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже. Што сепак и не е нешто ново…, коментира Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.