Утре започнува победничкиот караван на Коалицијата „Можеме“ најголемата, најразнолика и најсилната предизборна коалиција, се вели во соопштението од СДСМ.

Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД 19 коалицијата „Можеме“ ќе организира изборна кампaња по строго утврдени протоколи, без митинзи и без посети на домови на семејства, велат од партијата.

Додаваат дека за запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми.

За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции.

Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи утре во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4 ,претседателот на СДСМ Зоран Заев и Соња Мираковска, најавија од СДСМ.

Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири и како што велат целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.