СДСМ повторно ја менува партиската боја. Ова денеска гоо најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на дигиталниот конгрес кој е во тек. Тој рече дека една од предлог-статутарните измени која треба да биде изгласана е црвената боја да стане официјална боја на владеачката партија.

Првпат ќе ја впишеме црвената боја, тоа е боја на левицата, на социјалдемократијата, на победата, боја на слободата, на животот, тоа е боја на македонската иднина, рече Заев во онлајн обраќањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.