На прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ открива скандал со набавката за вакцини за сезонски грип, односно како СДСМ со воведен критериум фавозира една веледрогерија.

Лицемерието на Заев и Филипче го достигна врвот. До вчера викаа дека има услови за корона избори, славеа во кафеана кршејќи закон која работеше само за нив, додека денес воведуваат рестриктивни мерки и затвораат кафеани. Ова е потсмевање со народот. Но затоа додека го прават ова имаме на над 2.000 починати. Не забораваат на матните бизниси и профитерство во време на корона и тоа директно во здравството на мака на граѓаните.
Дали Венко Филипче и СДСМ во ек на пандемија мислат на свој личен профит и богатење на сметка на граѓаните на Република Македонија?, прашува Марија Андоновска од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа открива дека според информациите и сознанијата до кои дошла ВМРО-ДПМНЕ, во 2019 и 2020 година во тендерската документација за набавка на вакцини против сезонски грип, во делот на спецификација на вакцините се поставуваат услови и критериуми кои може да ги исполни само една компанија.

Во тендерската документација во делот на спецификација на вакцините против сезонски грип е наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба на лица на возраст од 6 месеци и постари, и во двата случаи кога е наведен тој критериум тендерот го добива веледрогеријата „Елбијор“ на Стојмир Петров, татко на сопругата на директорот на болницата „8-ми Септември“, Христијан Костов.
Во 2017 и 2018 година, кога во делот на спецификацијата не е наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба од страна на лица од 6 месечна возраст и постари тендерот го добива друга фирма, и на повеќе фирми им е овозможено да учествуваат.
Оваа година, повторно во спецификацијата е наведен критериумот вакцините да соодветсвуваат за деца од шестмесечна возраст и постари, открива Андоновска.

Во време кога се бара кревет повеќе во болниците, додава таа, кога кадарот е изморен или недостасува, кога граѓаните умираат чекајќи да бидат тестирани или се приморани да плаќаат големи суми за лабораториски испитувања, рендген, инфузии, лекарства, суплементи, замислете министерот за здравство има други приоритети, од кој само тој лично има бенефит.

Веројатно Филипче не се грижи што вакцините за сезонски грип многу доцнат и нема да можат на време да ги добијат граѓаните кои имаат потреба од нив, но важно тендерот за истите да биде онака како што него и на малкумина околу него им одговара? Дали?
Во ситуацијата кога има слободни термини за вакцини на деца до 6 годишна возраст и за истите воопшто нема интерес, која е оправданоста и потребата во спецификацијата за вакцини за сезонски грип, да се наведува критериум кој го исполнува само една компанија? Зошто немаше таква потреба во 2017, 2018 година?
Филипче, должен си да одговориш, колку деца од 6 месечна возраст примиле вакцина во изминатиов период?! – Еве ќе ти помогнам веднаш – Ниту едно! Зошто тогаш е потребен овој услов и дали свесно се става за критериум, за да тендерот го добие само една фирма?!
Филипче, нели е ова е фаворизирање на економски оператор и ставање во надредена позиција над другите учесници на пазарот?, му порача Андоновска.

Таа потенцира дека овде постои сериозен сомнеж за злоупотреба на буџетски пари на граѓаните на Република Македонија и дека постојат индиции за сериозен криминал, поради што го повикуваат Јавното обвинителство да го истражи случајот и да не дозволи богатење на поединци врз грбот на граѓаните.

Згора на сè во време на пандемија, кога како што реков секој денар е важен.
Можеби со овие одвишок пари ќе се спасел нечиј човечки живот, наместо да се билдаат профити на фирми блиски до власта?
Додека го чекаме ЈО да постапи, Филипче да одговори:
Дали свесно и оваа година е направен тендерот по мерка на Елбијор на Стојмир Петров, дедо на директорот, Христијан Костов?!
Поважни ли се профитите на фирми на лицата блиски до власта, отколку здравјето на граѓаните во време на пандемија, кога секој еден денар е важен?!
Ова е сериозен скандал, за кој очекуваме одговор веднаш, порача Андоновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.