И покрај јавните заложби на дел од политичките структури дека Македонија дека мора да има чисти избори, портпаролот на претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова денеска на прес-конференција информира дека ИШ на Силјановска поседува докази за сериозни прекршувања на изборниот процес.

Анонимно лице – свиркач достави документ коj укажува на сериозно прекршување на изборниот процес и неколку закони со кои се прекршуваат голем број лични прaва на граѓаните на Македонија, откри денеска на прес-конференција Горан Момировски.

Според Момировски од документот е јасно дека постојат индиции дека со помош на апликација за паметни телефони за оперативен систем андроид се прекршени не само Изборниот законик туку и други темелни вредности на македонскиот уставен систем.

Според независни ИТ експерти кои ги консултиравме постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата поставена на сервисот за апликации на Гугл Плеј, а која е направена од страна на владејачката СДСМ се прибираат лични податоци и мета податоци од телефони на сите што ја симнале аликацијата. Дополнително можеби уште пострашно, според индициите што ги имаме апликацијата се користи од членови на СДСМ кои со нејзина помош добиваат целосен увид во интернет активностите на сите граѓани, посочи Момировски.

Тој објасни дека преку оваа апликација теренските активисти на СДСМ прибираат и складираат лични податоци на граѓани без нивна дозвола. Овие податоци спротивно на сите позитивни правни прописи се под контрола на партијата на власт и најверојатно се користат за други активности со цел да се влијае на гласањето, но и за други политички цели на власта.

Според документите што ги добивме имаме сериозна загриженост дека се злоупотребуваат матични броеви на граѓани, се врши контрола на лични контакти и таканаречена геолокација односно следење движење на граѓани и на тој начин се вршат тешки злоупотреби во изборниот процес.

Тој сугерира сите граѓани веднаш да ја избришат апликацијата преку која што една партија има целосен увид во нивниот приватен живот.

Апелираме до граѓаните да одбијат да разговараат со тернеските екипи на СДСМ коишто од нив бараат било каков податок. Во текот на оваа прес-конференција сите релевантни институции кои што имаат ингеренции на ова поле го добија материјалот. Документот е доставен до Јавното обвинителство, ДИК, Комисијата за заштита на лични податоци, странски институции и организиации и амбасади, ОБСЕ, ОДИХР, МВР оддел за компјутерски криминал. Ќе бидат информирани се разбира и низа други меѓународни организации во Брисел, во САД, европски членки и НАТО, изјави Момировски.

Од Јавното обвинителство бараат да преземе итни мерки за спречување на уништување на доказите.

1. ЈО да одреди мерка за забрана на користење на апликацијата.
2. ЈО да направи увид и конфискација на серверот во Социјалдемократскиот сојуз со цел да се утврди фактичката состојба кој што говори овој документ.

Според Момировски постојат индиции дека на серверот спротивно на сите закони се складираат лични податоци на граѓани, а според индициите прекршени се најмалку следниве основни човекови права

1. Право на приватност.
2. Право право на фер изборен процес.
3. Право на заштита на лични податоци.

Со оглед на тоа што овде се работи и за следење на животите на граѓаните и скалдирање на лични податоци, фотографии и видеа на граѓани овој скандал може да се нарече не само „Големо уво“ туку „Големото око“. За жал по сите предходни скандали од овој тип не научивме дека изборите се празник на демократијата, а не можност за тешки злоупотреби на човековите права. Не очекуваме овој скандал да ја наруши победата на кандидатката за претседател ѐ Гордана Силјановска Давкова но за жал овој скандал може да влијае негативно на можноста за добивање на датум за преговори со ЕУ нешто што е главна цел на македонските граѓани. Поради сензибилноста на случајот не би сакал да дадам одговори на ваши прашања, во очекување на реакциите од сите македонски институции, пред се на ЈО, потенцираше Момировски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.