Во вечерашното издание на дебатната емисија „Филибастер” гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, која се осврна на работата на Собранието, како и на лошите владини политики.

Василевска истакна дека е крајно разочарана од работата на Собранието, поточно е разочарана од страна на начинот на функционирањето на Собранието и службите, поради нивната неажурна работа, како и несериозните свикувања на седници спротивно на деловникот за работа.

Василевска исто така додаде дека она што се случува во Собранието од страна на пратениците на СДСМ и оние нивни коалициони пратеници е срамно и понижувачки за македонскиот народ, бидејќи освен лични материјални зделки, ништо друго не се случува на национален план или за подобрување на животот на граѓаните на државата.

Сите слушнавме како Зоран Заев се договарал со Бојко Борисов за бизнисите кои му ги ветувал во замена за поддршка, но од сето тоа најверојатно вистина е само дека Зоран Заев дал државни бизниси на туѓ премиер, а за возврат добил вето. Тука најголемиот губитник е Република Македонија, а не Зоран Заев, бидејќи тој не се коцка со неговите приватни бизниси, туку со судбините и иднината на граѓаните на Република Македонија, додаде Василевска.

Неколку години наназад сведочиме на една кампања која е платена од фондации низ Европа за урнисување на општеството кое што функционираше далеку подобро од ова до 2016-та година, но потоа се уверивме дека голем број на припадници на СДСМ, па дури и на ВМРО-ДПМНЕ кои партијата ја користеле како извор на богатење, учествувале во т.н шарени со цел да ја ништожат државата, тоа е крајно некоректно и недржавнички, додаде Василевска.

Според Василевска, Зоран Заев е човекот кој бескрупулозно и врз грбот на граѓаните работи на создавање капитал за него и неговото семејство, додека свесно секојдневно остава македонски граѓани да остануваат на улица без работа и без парче леб.

Тоа не доликува на премиер, ниту на човек кој работи со љубов за својата земја, туку на предавник на кој земјата не му е света, заврши Василевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.