СДСМ и Зоран Заев ги разочараа и измамија младите. Празните соопштенија од страна на СДСМ значат само потценување на интелигенцијата на младите во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Младинска гаранција, изградба на студентски град во првите шест месеци како и подобрување на студентскиот стандард, погодности за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои остануваат само празно слово на хартија. Кога СДСМ пишува за реновирање на студентски домови и ученички домови дали може да каже на кои студентски и ученички домови поточно мисли?, прашуваат од партијата и додаваат:

На младите им е јасно дека тие не постојат за оваа криминална власт која води грижа само за криминални тендери, корупција, рекетирање, поткуп, уцена и закани. Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев и затоа СДСМ мора да си замине колку побрзо толку подобро“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.