Работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за Законот за јавно обвинителство, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски, дополнувајќи дека за решавање остануваат уште две или три точки за кои лидерите на двете најголеми политички партии бараат компромис.

И покрај тоа што одржува контакти со Заев и Мицкоски по ова прашање, Пендаровски вели дека клучна за постигнување договор е политичката волја од партиите.

Во случај на евентуален неуспех на преговорите, одлуката за определување датум за преговорите нема да биде загрозена, тврди Пендаровски, бидејќи ова прашање е решено со префрлувањето на предметите во основното јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.