Продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ.

Како што информираат од СДСМ, по утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

Денеска почнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат, велат од СДСМ.

Оттаму потенцираат дека единствени точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.