Со жрепка утврден е редоследот на гласачкото ливче за вонредните избори за претседател на СДСМ. Како што информираат од партијата, согласно Роковникот и Правилникот, Централната изборна комисија денеска одржа жрепка за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, настан на кој учествуваа сите кандидати за претседател на СДСМ.

Според жрепката, редоследот на гласачкото ливче на вонреднте внатрепартиски избори е следниот:
1. Димитар Ковачевски
2. Фросина Ременски
3. Јован Деспотовски

Вонредните избори за претседател на СДСМ ќе се одржат в недела, на 12 декември 2021 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.