Иако ДИК не завршиле со пребројувањето гласови, СДСМ го прогласи Стево Пендаровски за претседател.

Првичните тенденции се задржаа и покажуваат стабилно водство на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Од обработени половина од стигнатите гласови, Пендаровски води со 30 илјади гласови пред Сиљановска. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата, вели Костадин Костадинов.

Тој им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори за поразот кој им следува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.