Го осудуваме нападот врз активистот Асани, насилството е недозволиво, институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист Беким Асани.

Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец.

Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина.

Концептот Едно општество за сите, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.