СДСМ го осуди настанот со фрлената експлозивна направа во објектот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во Изборната единица 2, Владо Мисајловски.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека и СДСМ и тој лично го осудуваат настанот и ги повикуваат надлежните институции до крај да го истражат.

Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, којшто ние имаме можност како граѓани да видиме за што навистина и како го злоупотребува МВР. Секако, имавме можност да видиме како снима видео спот за партиски цели, наместо да се грижи и да се занимава со она што значи обврска како министер за внатрешни работи, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој рече и дека Мицкоски пушта лажна вест со тоа што го обвинува СДСМ дека стои зад настанот.

Уште еднаш ќе кажам дека станува збор за лажни вести и го повикувам Мицкоски да каже од каде му е таквата информација, дополнително затоа што сме сигурни во тоа што го кажуваме. Го повикуваме МВР да го истражи случајот и да ја потврди лажната вест на Христијан Мицкоски, додаде портпаролот на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.