Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов го запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски Со кои структури во Република Бугарија интензивно соработува во овој период?

-Вчера, во обраќањето пред неговите малубројни поддржувачи, на она срамно дефиле пред Владата, Христијан Мицкоски рече дека има, цитирам, „информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија”. Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација? Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници? Ако знаел дека се спрема нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции? Клучното пршање е за кого одработува Христијан Мицкоски?- рече Костадинов.

Тој обвини дека Мицкоски е тој којшто работи против сопствената држава.

Ние сме Македонци! Зборуваме македонски јазик кој НЕМА бугарски корени! Македонската иднина е во и со Европа!- додаде портпаролот на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ возврати:

Денешната прес конференција е беден спин за да не се види расколот во СДСМ и фактот дека премиерот во заминување Заев, освен владината ја губи и партиската столица. Го молиме Костадинов да не зборува глупости. Нека го праша Заев каква тајна соработка има и колку чини идентитетот кој го распродава. И ќе го потсетиме дека Костадинов преставува партија, чиј лидер има приватни бизниси во Бугарија. Заев за лична корист ја продава Македонија. Не знаеме дали Костадинов како да е под некакви психотропни супстанци ама дефинитивно губи контрола на реалноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.