Објавата на поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук каде тој го искажува својот став за пописот ги запали страстите на „Бихаќка“ и веднаш почнаа да бараат дежурни виновници за начинот на кој планираат да се спроведе попишувањето.

За СДСМ, секој кој ќе укаже дека начинот на кој планираат да го спроведат пописот е против попишување и  против европската иднина на земјата.

Згора на тоа преку провладините медиуми спинуваат  и ја префрлаат топката врз ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека заговараат бојкот на пописот.

Но, дали тоа е така

И Никола Груевски и Христијан Мицкоски се залагаат за одржување на попис , но по стандардите на Евростат според кој точно се знае кој треба да биде попишан. Бојкот на пописот не се заговара. 

Јас никогаш не сум бил поддржувач на бојкот во политиката, што низ одлуките во клучни моменти и сум го демонстрирал. Бојкотот не ги решава проблемите, често и ги продлабочува и политиката е борба во натпревар а не за бојкот. Но, доколку во овој случај немањето политички договор и консензус на Законот за попис предизвика преголема фрустрација, можно е дел од граѓаните помасовно да преминат кон тоа, дури и кога е нерационално во однос на исходот-вели Груевски.

Мицкоски пак во неколку наврати напоменува дека не е против пописот кој е потребен туку дека треба да се промени Законот за попис кој има многу нелогичности и кој ќе фрли дамка на веродостојноста на целиот процес.

Toj вели дека Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми.

Бараме пописот да биде вистинска статистичка операција. За повеќе среќни македонски граѓани, без оглед на етничката припадност. Сакаме развиена држава, а за тоа мораме да знаеме со што располагаме-изјави Мицкоски.

Мицкоски е јасен дека не поддржува апситинирање на пописот и оти секоја граѓанин има право на избор дали ќе се попише или не.

Сепак доколку власта не се опамети и остане на ваков Закон за попис, Мицкоски најавија дека ќе собираат граѓански и пратенички потписи за негово поништување.

А каков ќе биде пописот најдобро се гледа од изјавите на челниците на ДУИ кои веќе излегоа со конкретни бројки колку ќе бидат Албанците. Процентите се од 25 до 40 што најверојатно и ќе се оствари. Ахмети бара секој што има имот во Македонија да биде попишан без разлика дали во моментот живее во земјата или не .

Ахмети случајно или намерно ги меша поимите државјанство и жителство. Тие што имаат пасош и државјанство, но не живеат во Македонија не може да бидат попишани бидејќи според стандардите на Евростат се попишуваат само т.н резиденти. Секој што е подолго од една година надвор од Македонија не смее да биде попишан.

Вицепремиерот Артан Груби пак невешто се обиде да објасни дека не постои никаков политички договор за некакви бројки меѓу СДСМ и ДУИ или меѓу Ахмети и Заев, иако е тоа повеќе од очигледно.

Дека власта нема план како ќе се одвива пописот покажува и тоа дека иако е донесен Законот се уште не е донесена методологијата според која ќе се попишува. Не се знае кои лица ќе бидат  попишани лица ќе бидат вкупно резидентно население, нема дефиниција што е домаќинство, стан, живеалиште, кои документи ќе се бараат кога попишувачите ќе влезат во домот…

Сиве овие прашања ќе се остават за во „5 до 12“ со уште повеќе ќе се зголеми недовербата и сомнежот кон целиот процес.

Но за власта, и за тоа ќе биде виновна опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.